Емил Павлов: Почнав таму каде што завршив пред пандемијата – со голем резултат! (ВИДЕО)

„Почнав таму каде што завршив пред пандемијата со голем резултат“, изјави освојувачот на бронзениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Емил Павлов за Ипон.мк и додаде: „Настапот на оваа Премиер лига за мене е многу успешен и сум презадоволен од прикажаното“.

Емил во борбата за борнзата утрово го совлада Каизар Алписбаир од Казахстан со 4-1.

За тоа како го почувствува татамито по едногодишна пуаза, Павлов вели:

„Поточно, една  година без натпревар, но овој медал не е случаен. Откако започна пандемијата со коронавирусот јас не застанав со тренинзи. Постојано тренирав и вежбав нови работи кои што ќе ми помогнат во овој нареден период, за мојата најголема цел, а тоа е норма и медал од Олимписките игри“.

Што не можеше да предвиди противникот, а ти го виде кај него?

„Во борбата за бронзениот медал можам да кажам дека одработив максимално паметно и сконцетрирано. Добро го познавам Казахстанецот. Знаев на што ме чека. Го анализиравме добро со селекторот и го изненадив со ножна техника, а потоа се беше се полесно, ја имав целата контрола над борбата и на крај победив со 1-4“.

Како го оценуваш настапот на Премиер лигата во Истанбул?

„Сепак, многу сум задоволен од овој настап. Бев многу подготвен, како физички така и психички,како да не сум имал пауза од една година без натпревар“.

Следна цел за најдобриот македонски каратист е Државното првенсттво на Македонија и плеј-офот кои се квалификациски натпревари за Европското првенство, а секако главна цел годинава е обезбедување учество на летните Олимписки игри во Токио.

Резултати:

-60 кг
Емил Павлов – Аминга Гулијев (Азербејџан) 3-0
Емил Павлов – Аеф Гаит (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 8-3
Полуфинале
Емил Павлов – Фирдовси Ферзалеив (Азербејџан) 2-5
За бронза
Емил Павлов – Каизар Алписбаир (Казахстан) 4-1

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON