Емил Павлов е најдобар спортист на Штип за 2018, следат Жарко Арсовски и Дејан Митров (ФОТО)

Емил Павлов вечерва го доби признанието за најдобар спортист на Општина Штип за 2018 година кој стана европски шампион во карате. Втор е Жаро Арсовски – карате, а трет борачот Дејан Митров.

Наградите свечено беа доделени во Мултимедијалниот  центар „Киро  Глигоров“. Ова е четврто признание за Павлов кој беше најдобар и во 2014, 2015, 2016 и 2018 година.

Најдобар клуб е прогласен КК Штип, а најдобар тренер Сашко  Арсовски, додека спортски работник на годината е Кирил Гогов.

Во младинска конкуренција најдобар е кикбоксерот Славче Арсов, втор борачот Џан Назифов, а третото место го делат пингпонгарите на Шампион Фа, Дамјан Стојчев и Мила Штркова.
Во кадетска конкуренција Филип Тасев – борење е најдобар, следуваат борачот Давид Мишев и боксерот на Баргала, Алпај Демиров.


Во пионерска конкуренција прв е борачот Стефан Штерјов, балкански шампион и 5- пласиран на ЕП. По него следуваат Тамара Ристовска од КК Астибо и фудбалерот на Брегалница, Матеј Георгиев. Во оваа конкуренција признанија има и за членовите на Циу џицу клубот Осенсеи Балекс Станислав Грпов, Димитри Радев и Ева Димитрова, како и за Андреја Нисева – борење, Никола Трајчев – борење, Јован Данилов – кик бокс, Филип Трајанов и Мила Дулдурова – одбојка, Ненад Панов и Дарио Димитров – борење, Андреј Басаров- карате, Лука Стојчев – пинг понг, Антонија Андоновски, Смиљан Нашков и Христијан Јанков – пливање и Милисав Петков – ракомет.

За подвиг на годината во пливање ќе биде награден 67 годишниот Кирил Рамбабов, кој на Државното првенство освои три златни и еден сребрен медал. За тренер на младите е избран Давор Тасев од Балканец. За афирмација на спортот во Штип признанија ќе добијат интернационалците во фудбал и ракомет и репрезентативци, Бобан Николов и Мартин Поповски, како и кикбоксерската Викторија Варадинова.Од училишниот спорт се наградени педагозите Мијалче Маџаров и Звонко Рунчев, и училиштата Тошо Арсов и Јане Сандански.

За афирмација на спортот  добија и новинарите Мартин Каровски и Виктор Вукановски. Посебно признание доби новинарот Кирил  Манев кој одбележува 55 годишен јубилеј творечка работа.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО