Елмедин Сејфулау спречен од Молдавецот Чичои на патот кон медалот!

Sejfulau vo akcija na EP

Елмедин Сејфулау ја испушти можноста да се бори за висок пласман на Европското јуниорско првенство во борење слободен стил во Истанбул.

Тој во категоријата до 55 клилограми најпрвин го совлада Дрилон Сила од Косово со туш, а потоа во репасажот се сретна со Молдавецот Игор Чичои, при што имаше добар почеток и поведе со 2-0 во првата рунда. Во втората рунда Чичои тргна поагресивно и изедначи на 2-2, но Сејфулау поведе со 3-2. По ова Молдавецот поведе 4-3, а до крајот и со 6-3.

Клучните поени Чичои ги направи на иницијатива на нашиот репрезентативец. Таквата тактика на бркање резултат се покажа како меч со две острици, затоа што неговиот противник вешто ги користеше неговите излети во нозе и правеше поени.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО