ЕКСКЛУЗИВНО: ВММА го промени исходот на мечот Федор-Малдонадо, Рускиот ММА сојуз ја одби одлуката

fedor maldonado pobednik

Светската ММА федерација (WMMA/ВММА) го смени исходот на борбата меѓу Федор Емилијаненко и Фабио Малдонадо.

Откако Бразилецот поднесе жалба на исходот на мечот што го изгуби со мнозинска одлука на судиите, повикувајќи се на конфликт на интереси меѓу Федор и судиите, WMMA одлучи да промени на резултатот во нерешено.

Рускиот ММА сојуз ја отфрли првичната жалба на исходот на средбата, бидејќи не беше поднесе во пропишаниот рок од 40 минути по завршувањето на борбата.

Тогаш Малдонадо се обрати на WMMA, која ја води поранешниот менаџер на Федор, Вадим Финкелштајн, а самиот Федор е почесен претседател. Рускиот ММА сојуз е член на ВММА.

Организацијата назначи тројца судии повторно да ја бодираат борбата – Канаѓанец, Полјак и Русин и сите тројцо го оценија мечот со идентичен резултат 28-28.

ВММА упати совет на Рускиот ММА сојуз и на Фјат најтс организацијата да го променат резултатот на натпреварот во нерешено.

„Фактот дека борецот Федор Емилијаненко воедно е и претседател на Рускиот ММА сојуз, а шефот на судиите, Радмир Габдулин, со кој соработува, тој однос можел да влијае на судиите. Не велиме дека тој однос доведе до таа одлука, но се работи за несреќен избор. Уште една грешка е направена со отфрлањето на жалбата. Одлуката е донесена по аматерските правила на ВММА, додека борбата се одвиваше по професионалните правила на ВММА“.

Рускиот ММА сојуз одби да ја прифати одлуката.

„ВММА може да го изрази своето мислење, но нема право да се влијае на судската одлука во руската професионална промоција“, рече заменик претседателот на Рускиот ММА сојуз, Радмир Габдулин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО