Ексклузивно ВИДЕО: Големиот балкански карате семинар ја покрена белата лавина на обединување и добива голем замав

Една голема идеја профункционира –Големиот балкански карате семинар,  се одржа во четири града во три држави. Започна на 26 март и продолжи на 27 во Ниш, па наредниот ден се пресели во Лесковац, на 29 и 30 беше во Скопје, а на 31 заврши во Софија, под водство на карате мајсторите Милан Ѓокиќ, Зоран Пејов и Тони Петров.

Посебно значење на семинарот и на благордоната идеја и присуството на дипломатскиот кор: амбасадорката на Србија Душанка Дивјак – Томиќ, амбасадорот на Бугарија Иван Петков и заменикот на амбасадорката на САД, Микаела Швајцер – Блум, како и третиот секретар на српската амбасада Срѓан Недељковиќ.

Творците на семинарот констатираат дека тој успеа и дека добива грандиозни размери и веќе има најави за негово проширување и во други земји. Благородната идеја е обединување на народите од Балканот и креирање на кадар за златен олмписки медал

Погледнете го ексклизвното видео од семинарот и размислувањата на Пејов, Ѓокиќ и Петров.

„Пред се голем, затоа што сакаме да ја преставиме величината на карате до како духовна боречка вештина коешто има една цел градење на карактерот на личноста, или, уште повеќе издигнување на свеста на човекот. Зближување на човечкото битие. А, мораме од некаде да почнеме, тоа се нашите комшии, однонсо балканските земји каде што навистина има квалитет. Наидовме на отворена соработка“, Зоран Пејов носител на 5 дан мјсторски појас од Крате центар Пејов, кој изрази задоволство од семинарот, нагласувајќи дека кулминацијата се случила во Скопје.

„Ме пронајдоа Зоран и Милан, иако сум со пренатрупан календар. Сепак, идејата е голема. Ако се развие тоа на Балканот, ќе има резултати. Ние сме за мир, тоа и го пропагираме преку спортот. Ги насочуваме луѓето од Балканот да се сакаат и да си помагаат, бидејќи сме блиски. Одам во цел свет и можам да кажам дека луѓето се исти, така што нема разлика, треба да останеме еднакви и пријатели“, Тони Петров, главен инструктор на полицијата во Бугарија, карате мајстор 7 дан и џиу џицу мајстор.

Петров нагласи дека имаат намера да привлечат и други инструктори во оваа благородна идеја, бидејќи тој одржал 120 семинари во светот за своите 55 години и вели дека секогаш има да се научи нешто ново.

„Постојано се надоградувам. Човек додека е жив треба да учи и да не мисли дека е голем. Спортот е едно, а самоодбраната и реалното карате се сосема нешто друго“, истакнува Тони Петров.

„Идејата дојде по разговорот со еден Французин (Стојан Стојанов, Македонец што живее и тренира во Франција – н.з.), за да ги обединиме нашите народи против лошото а за добро. Да не има нетрпеливост, не дај Боже да дојде нешто лошо, а за добро е да ги надминеме суетите и меѓу нас да владее хармонија, заедништво, оти е познато дека во спортот нема или не би требало да ја има политиката. Тоа беше идејата за Големиот балкански карате семинар. Идејата е поради хуманистичките побуди и во последно време заради многу корисините работи за зближување на нашите земји. Ние спортистите мора да дадеме пример и да бидеме ороводци“, Милан Ѓокиќ, мајстор 7 дан од Србија.

Цела Европа се обединува, немој ние да се рзаединуваме, вели Ѓокиќ и додава дека желбата е на овој начин полесно да се дојде до олимпиското злато. Тој истакнува дека младите мора да се натпреваруваат за да ги знаат сласта на победата и горчината на поразот и така да бидат комплетни и да станат добри тренери.

Сите се надеваат дека ова ќе стане традиција. Во текот на семинарот стигнала покана од Азербејџан, а мајсторите од Црна Гора изразија жалење што не беа вклучени во овој проект, но за тоа од 6 до 9 септември Големиот балкански карате семинар ќе има црногорска премиера во  Будва. Според зборовите на Пејов, има интерес во Хрватска, Словенија, Романија и Турција.

„Со ова ја почнавме големата бела карате лавина која ќе зема се поголем и поголем замав“, вели Пејов.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО