ЕКСКЛУЗИВНО-Маријана, Мишела и Киријана: Златото требаше да биде во наши раце!

Kata timot leta na SP vo Dzakarta

Македонија имаше финалисти на едно светско првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори 21, но тие не беа во подредена улога, туку златниот медал беше на дофат, сепак судиските одлуки се неприкосновени, а впечатокот кај публиката е поинаков, која е сосема неутрална.

sampionska slika

Што и да се случуваше на татамито во финалето во кати екипно за јуниори на мечот меѓу Македонија и Франција на Светското првенство во Џакарта-Индонесија, нашите каратистки постигнаа голем успех и со вицешампионската титула. Мријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа беа на ниво и ја претставија Македонија како нова велесила во светот на каратето во кати екипно.

„Според сите реакции на публиката и на стручните лица кои беа присутни, тренери, судии официјални лица, златото требаше да биде во наши раце…Можеби и немилите настани кои се случија ден претходно во Париз имаа влијание врз резултатот. Сепак, ние сме презадоволни од резултатот, прв пат Македонија доби финале на официјално Светско првенство“, рекоа во заедничката изјава Маријана, Мишела и Киријана за Ipon.mk.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО