ЕКСКЛУЗИВНО: Федор Емилијаненко се враќа во рингот! (ВИДЕО)

fedor

ММА фанови, земете длабоко здив и сместете се добро, бидејќи Федор Емилијаненко најави дека повторно ќе се врати во рингот.

Според рускиот сајт „Union MMA“, кој прв ја објави веста, ММА легендата почнал со напорни тренинзи и има намера повторно да се бори.

Еве и порака од самиот „The Last Emperor“. Emilijanenko sopojasi

 „За секој спортист е важно да прави омилени нешта: да даде сè од себе на тренинзите, да се натпреварува и да ја брани честа на својата татковина.

 За време на мојата работа во Министерството, успеав да го развијам спортот, работејќи заедно со претседателите на спортските федерации, разбирајќи ги проблемите во секоја од нив и колку што можев, ги решавав. Но, мислам дека сега е време повторно да се вратам во рингот.

Успеав да ги залечам старите повреди. Во последните три години ја одржува формата, но не на такво ниво за да сум подготвен за борба. Затоа сега почнав со интензивни тренинзи. Собрав тим од различни тренери и спортисти, кои ќе ми помогнат во тренажниот процес. Се уште има што да кажам во рингот пред да се повлечам. Во моментов се водат преговори со неколку организации. Штом се договорам, ќе ви ги соопштам датумот на дуелот и против кого ќе биде“. И, сега – каде би сакале да го видите Федро да се бори и против кого?

https://youtu.be/hshQd1SYDa8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО