УЛТРА – БИЗАРНО: Мексикански политичар со силиконски мускули победува во наместен меч! (ВИДЕО)

jorge kahwagi

Хорхе Каваги Јуниор (12-0, 12 KO) мексикански политичар, адвокат, милионер и плејбој „професионален боксер“, неодамна направи уште еден во серијата лажирани боксерски мечови.  Cebu Waterfront City Hotel & Casino во Филипини беше мегданот на оваа битка, која се одржа на 11-ти јули. За разлика од Каваги, кој е очигледно зависник од козметичка хирургија со импланти во градите, рамената и бицепсите се сретна со Рамон Оливас (13-3, 9 КО).

 Споменатиот политичар, всушност, е син на мексиканскиот тајкун, политичар и сопственик на најголемиот мексикански весник Хорхе Каваги Сениор. Во 2001 година, кога имаше 33 години, Каваги Јуниор со помала политичка улога, огромната бизнис империја на неговиот татко си купи диплома по право и одлучи да стане шампион на светот бокс. Тој го направи своето деби со нокаут против Пери Вилијамс, кој потоа под истрага за местење натпревари и оттогаш не се слушнало за него. Од 2001 до 2005 Каваги ги користи парите и влијанието, успеа да собере респектабилен број на сомнителни борби со сомнителни нокаути и тоа на приредби каде што се бореле и големи имиња на боксот, како Хулио Цезар Чавез, Ерик Моралес и Хорхе Арсе.

 Во својата трета професионална борба станува мексиканскиот шампион до 91 килограм против Хозе Лопез (0-4). ВБЦ и ВБО, кои не сакаа да изгледаат смешно поради локалните боксерски асоцијациии кои сакаа да се збогатат на сметка на Каваги, пронајдоа начин како да му ја одземат „шампионската“ титула. Прашината што се крена по неговите средби, кои се пренесуваа на телевизија, му донесе дури и поголема популарност на Хорхе, така што на следните избори успеа дополнително да си ја подобри политичката позиција.

 Боксесркиот светот во 2005 година се понадева дека за поселден пат го гледа во рингот смешниот боксер, но тоа не траеше долго. Имено, Бразилецот Роберто Коелјо во првата рунда од нивниот меч го демилира, а, во втората рунда, од необјасниви причини падна, па Каваги неколку пати замвана некоординирано со рацете. Гледачите кои во тој момент беа во салата, протестираа и го наполнија рингот со ѓубре. Светски познатиот боксерски тренер Игнасио „Начо“ Берштајн јавно се запраша дали овој „професионален боксер“, кој има скор 11-0, одработил најмалку еден боксерски тренинг.

По јавно понижување во борбата против Коелјо, сепак, политичарот одлучи да се повлече од светот на бокс. Тој го искористи сето свое влијание за неговиот последен натпревар да го направи недостапен за јавноста. Живот по боксот му беше исполнет со безброј инциденти , тужби и естетски операции. Наводно, за малку ќе го изгубел видот, откако се обидел со хируршки зафат да ја промени бојата на очите од кафеава во сина. По сите скандали, неговата популарност прасна толку многу што размислува да се кандидира за претседател на Мексико. Поради некоја причина, тој реши да се врати и на боксот и пред неколку дена да одработи одвратен бокс меч. Во продолжение погледнете ја снимаката од споменатиот меч и проценете за каков боксер се работи. Едноставно, ултра – бизарно…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО