ЕКСКЛУЗИВНО- Емил Павлов: Секунда ме чинеше финале и најмалку сребрен медал! Задоволен сум! (ВИДЕО)

 

Emil na piedestal na EI so znameto

„Уште сум под импресии од денешниот настап. Можам да кажам дека сум задоволен од мојот настап. Откако успешно ги поминав и добро тактички изработив во групите, така и се пласирав во полуфиналето, а таму направив почетничка грешка на секунда до крајот. Мојата деконцетрација ме чинеше пласман во  финалето и најмалку сребрен медал“, ни изјави Емил Павлов по освојувањето на бронзениот медал, кој можеше да биде и златен.

„Во борбата за бронзениот успеав психички да се вратам и да заборавам на грешката што ја направив и влегов уште по самоуверено во борбата за бронзата и да го добијам мечот“, категоричен е првиот носител на медал за Македонија од Европските игри во Баку.

Pece i Emil so medalot na EI

 Тренерот на репрезентацијата, Петар Белистојановски, по се она што се случуваше вели:„ Мил приказ, одлична форма и беше најдобар во својата категорија, но еден момент на деконцетрација или можеби предвреме го прослави влезот во финалето, го чинеше злато. Борбите во групи ги изработи како што беше договорено, сигурно и без ризик. Првиот меч со Плахутин беше битно да не изгуби и затоа без ни најмал ризик ја однесе борбата во реми. Во второто коло со Французинот ја искористи шансата што му ја дозволи противникот и стигна до победа, а во трето коло против Антиќ и нерешен резултат му одговараше, па се одеше на тоа да помине во полуфиналето“, тврди Белистојановски.

Emil Pavlov na piedestal na EI

„Полуфиналето, се до кобната последна секунда, беше изворедно, целосна контрола и на борба и на резултат, ја замолчи бучната домашна публика. Но, ете, таков е спортот, непредвидлив! Борбата за третото место, повторно против Антиќ, сигурно изработена и не му даде никаква шанса на противникот“, жали за пропуштеното тренерот на репрезентцаијата.

Бронзениот од ЕП во Истанбул, Мартин Несторовски, нашиот втор претставник во овој спорт на Игрите во Баку, утре му посакуваме многу знаење, психофизичка стабилност, среќа и упорност во утрешните борби. Тој има силна група – противници му се Гркот Маргаритопулос, двократниот светски првак од Турција Енес Еркан и домашниот каратист Шахин Атамов, но добрите подготовки на нашите борци се надеж дека и тој не е без шанси за медал.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО