УФЦ 188: Вердум го демолираше Веласкез и се устоличи на тронот!

228

werdum cain

MMA трката на УФЦ 188 се одржа денеска и вклучуваше меч за титулата во тешка категорија меѓу Фабрици Вердум и Каин Веласкез.

 Сепак, пред нив во октагонот добра борба имаа Кевин Гастелум Нејт Маркард. И двајцата борци почнаа со силен старт. Гастелум нанесе добар удар со лактот, а Маркард истакна тејкдаун по кој неговиот ривал успеа веднаш да се исправи.

 На почетокот на втората рунда Маркард излезе повреден и видливо почна да се буни од постојаните напади на Гастелум. Кон крајот на рундата Маркард беше толку истрошен, што Гастелум го остави да полежи во средината на рингот и неколку секунди пред крајот на рундата отиде во аголот.

 Во паузата по втората рунда Маркард сам се откажа, велејќи на својот тим, дека нема повеќе сила да продолжи.

По нив, во подглавниот настан излегоа заколнатите непријатели Еди Алварез и Жилберт Менеделз. И двајцата борци веднаш се фатија на центарот од октагонот и почнаа размена на удари. Уште по првата рунда левото око на Алварез беше подуено и речиси затворено.

Потоа, битката повторно продолжи, претежно во стоечка позиција, при што борците си разменија разновидни удари, така што Алварез меѓу нив истакна и по некој тејкдаун. Битката во целина не беше особено убава. Менделез подобро се снајде во стоечка позиција, а Алварез се обидуваше да го контролира мечот со вештини за борба. На крајот Алварез победи со судиска одлука.

Главниот дуел на вечерта беше меѓу шампионот Каин Веласкез, кој околу 2 години не се бореше и привремениот шампион,Фабрицио Вердум. Двајцата воини почнаа активно уште од самиот почеток, како минуваше борбата така и размената на удари се зголемуваше. Уште во првата рунда Веласкез ја повреди аркадата, која му попречуваше да гледа добро со левото око.Битката помина главно во стоечка позиција и борба во клинч.

Во првата рунда Веласкез нанесе повеќе удари, иако неговото лице изгледаше како да има поголема штета.Меѓутоа, втората рунда воопшто не беше добра за Мексиканецот. И двајцата борци изгледаа изморено, но Веласкез почна да допушта многу сериозни удари, меѓу кои аперкати, крошеа, директи, дури и удари со  колено. На крајот на втората рунда Каин воопшто не беше добар и едвај стигна до столот за одмор помеѓу две рунди.

Во третата рунда Вердум започна со неколку добри директи, но Веласкез го собори, со што му овозможи да стане и да нанесе добар удар со нога во главата на Бразилецот. Сепак, со ова Вердум не престана да прави обид за гилотина, додека двајцата беа во стоење. Веласкез се извлече, но при второто паѓање во оваа позиција не успеа. Мексиканецот упати тејкдаун со главата напред и Вердум лесно, повторно, го фати во гилотина. Двајцата паднаа на подот, а Веласкез се предаде, бидејќи овој пат Вердум направи многу добар зафат.

 Еве ги сите резултати од УФЦ 188:

Гебриел Бенитез го победи Клеј Колард со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Катал Пендред го победи Аугусто Монтано со судиска одлука (29-28, 29-28, 29-28)

Џони Кејс го победи Франциско Тревино со судиска одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Патрик Вилиамс го победи Алехандро Перез со клуч (guillotine choke) – Р 1, 0:23

Ефрен Ескудеро го победи Дреј Добер со клуч (guillotine choke) – Р 1, 0:54

Хенри Сехудо го победи Чико Камус со судиска одлука (29-28, 30-27, 30-27)

Тесија Торес ја победи Ангела Хил со судиска одлука (30-27, 30-27, 29-28)

Јер Родригез го победи Чарлс Роса со судиска одлука (29-28, 28-29, 29-28)

Келвин Гстелум го победи Нејт Маркард со TKO – Р 2, 5:00

Еди Алварез го победи Жилберт Мелендез со судиска одлука (29-28, 28-29, 29-28)

Фабрицио Вердум го победи Каин Веласкез со клуч (guillotine choke) – Р 3, 2:15