ЕКСКЛУЗИВНО – Даниел Стефановски: „Светската титула е за нашата Македонија“!

Светскиот првак во К-1 на Суперкомбат, престижната кик бокс промоција, Даниел Стефановски ексклузивно за IPON.mk вели: „Што да кажам.. Се помина како што беше планирано“.

За самоата борба и брзиот нокаут, 101 секунда, Стефановски истакнува:

„Борбата веднаш ја почнав јако со јаки удари… Значи, немаше полека, прво да видиме што, како. По еден хај кик од мене и едно колено противникот доби поголем респект од мене. Ги држеше рацете многу горе, тоа беше мојата шанса „да го издувам по јетру“, а тоа беше тој удар за нокаут. Јас секогаш одам на нокаут, е сега како ќе биде така“.

За светската титула и што значи таа за него Даниел е категоричен:

„За мене тоа е најголемиот успех во мојата каријерата! И јас сум првиот кој во 21 година освоил така голема титула и пехар“.

„Сакам да кажам и благодарам на сите Македонци на поддршката и оваа титула е за нашата Македонија“!

Да потсетиме, на Стефановски му требаа 1 минута и 41 секунда да го нокутира Аделин Михаила од Романија на вчерашната гала вечер во Букурешт. Стефновски тргна силовито од првиот момент со неколку крошеа, летечко колено и аперкат го нокаутира Романецот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО