ЕКСКЛУЗИВНО – Даниел Стефановски: Сакам да го освојам појасот за Македонија, со нокаут!

Даниел Стефановски се подготвува во Малорка, Шпанија, за борбата за светската титула на Суперкомбат во К-1 со Аделин Михаила од Романија. Борбата е закажана за 25 март во Букурешт.

„Сега се подготувам во Малорка кај мојот тренер Тино Грот. Тука може да ги правам последните тренинзи, но и психички да се подготвам“, вели Стефановски за Ipon.mk.

Во екипата на Даниел за најзначајниот меч во неговата кариера во Букурешт ќе бидат тренерот од Топ тим Цирих, Мирко Кун, тренерот од Малорка, Тино Грот и брат му.

Колку му значи борбата за титулата која е една од попрестижните во кикбоксот, односно К-1, Стефановски кој е со скор 7-0 (6 со нокаут) во Суперкомбат, истакнува дека патот до неа бил долг.

„Оваа титула е една од највредните од сите светски титули, бидејќи Суперкомбат е една од најголемите организации. Беше долг патот за да ја добијам оваа прилика. Требаше да ги тепам сите Романци и уште многу други силни борци и затоа имам 7-0 во Суперкомбат, од кои 6 победи се нокаут“.

За противникот Аделин Михаила Даниел вели дека е млад и јак борац, но за текот на борбата е категоричен.

„Мислам борбата нема да трае три рунди, ќе има нокаут. За тоа и се подготвувам и сакам да го освојам појасот за Македонија“, категоричен е Стефановски.

https://www.facebook.com/CSCiprianSora/videos/1594148920621255/?acontext=%7B%22ref%22%3A%223%22%2C%22ref_newsfeed_story_type%22%3A%22regular%22%2C%22feed_story_type%22%3A%22361%22%2C%22action_history%22%3A%22null%22%7D

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО