ЕКСКЛУЗИВНО: Боксерската федерација на Македонија суспендирана, „Златниот гонг“ избришан од календарот на Европската бокс федерација

Naser Haruni so Jasin lama vo pristina

Тренерот на БК Шкупи, Насер Харуни, останал фрапиран кога слушнал дека не може двајцата наши боксери Јасин Лама (-56 кг) и Гоце Јанески (-75 кг) да ги пријави да учествуваат на Светското боксерско првенство за сениори во Баку, Азербејџан, во јуни, поради суспензија на Боксерската федерација на Македонија, затоа што за две години не е платена членарината на Европската боксерска федерација.

Plakat Zlaten gong 2015

Покрај суспензијата и традиционалниот меѓународен турнир „Златен гонг“ е симнат од календарот на ЕБФ.

Ова значи дека македонските боксери нема да може да учествуваат на сите официјални првенства и турнири организирани од АИБА и ЕБФ.

„Жално е за натпреварувачите во клубовите кои се подготвени да настапуваат на големите меѓународни првенства, а имаат и резултати. Под итно мора да има промени во Федерацијата. Две години не финкционира лигата, сами организираме спаринзи, одиме на турнири со свои средства. Голема благодарност до Оливер Станков кој два пати органзира спаринзи.

Во олимписка година ние не учествуваме на Европското првенство, ниту на квалификациите за Олимписките игри. Другите се радуваат на зачленување, а нас не исклучуваат. Поради несериозни луѓе трпиме сите ние“, вели Харуни, кој и тренер на репрезентацијата.

Vojo Nastevski

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Војо Настевски, е изненаден од суспензијата.

„Не знам, прв пат слушам за тоа. Никој не ми се јавил од Европската федерација, ниту ми пратил писмо. Точно е дека не сме платиле членарина. Утре ќе знам многу повеќе детали“, изјави Настевски.

Како и да е, ова е уште ден нокаут за македонскиот бокс кој во минатото јај радуваше нацијата и носеше медали од европските и светските првенства, како и од Олимписките игри.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО