ЕКСКЛУЗИВНО – Ален Амедовски македонскиот борец во Белатор: Сакам да бидам со најдобрите!

 

Неодамна македонскиот борец Ален Амедовски со нокаут во првата рунда го совлада Вил Флејри во дебито за Белатор на настанот Белатор 203 во Рим – Италија.

Така, Адемовски ја забележа седмата последователна победа во ММА во категоријата до 84 килограми. Ален, кој живее во Италија, со оваа победа го привлече вниманието на македонската боречка јавност.

Тој е роден пред 29 годинио во Центар Жупа, а нашинците во Италија, каде и што живее, пуларно го нарекуваат Македонскиот Тигар. Досега во Италија и главно во Милано ги има совладано Мамду, Самарко, Дорошкин, Ткачи и Фантасија, и тоа со брзи и ефектни победи.

Ја имаме честа екслузивно да го претствиме Ален Амедовски на македонската јавност кој со 15 години почнува да тренира бокс, а по неколку години бразилско џиу џицу, борење, ММА и К-1.

Да потсетиме дека Белатор е втората најсилана светска ММА промоција, па така успехот на нашиот борец добива на тежина.

Првото прашање се однесува на мечот со Флејри,односно како дошло до борбата и како ја видел тој.

-Борбата против Вил Фрејли не беше очекувана. Се повреди противникот, а бидејќи имаше пет недели до борбата, прифативме да настапам. Инаку тренирам во еден од најдобрите и успешни тимови  во Европа, а тоа е голема разлика на подготовка за  меч.

https://www.facebook.com/vittorio.valori/videos/10155891395339611/

Какви се твоите планови во ММА, односно Белатор?

-Планови за во иднина се да продолжам да тренирам и да се подготвувам како борец за поголеми предизвици. Не можам да кажам за која федерација ќе се борам. За кратко време ќе дознаете.

Еден си од ретките борци од Македонија што настапуваат во најквалитетните светски промоции. Може ли да очекуваме титула во ММА?

-Се гордеам со тоа. Секако, одиме по вистинскиот пат, а тоа најдобро се илустрира со мојот скор од 7-0 и сум класифициран во првите 24 борци во Европа. Не знам дали ќе имам шанса за титула. Можеби во иднина. Но, бидете сигурни дека сакам да бидам со најдобрите.

Од кадер дојде прекарот Македонски Тигар?

-Македонски Тигар!? Не знам кој така ме нарекол. Не е проблем, важен е успехот.

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/10157170923424879/?comment_tracking=%7B%22tn%22%3A%22O%22%7D

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО