Ризин 11: Прохаска го нокаутира Бразилец, а Гоми Гилардо, победи на Хирогучи и Брандао (ВИДЕО)

Во Саитама супер арена се одржа Ризин 11.

Чехот Јиржи Прохаска (21-3-1), која требаше да се бори против Кро Кап пред да повреди, со силни удари во пратер го нокаутира Бразилецот Бруно Капелоза (10-5) за помалку од една минута ипол од борбата.

Како и се очекуваше, борбата меѓу Таканори Гоми (36-15-1) и Мелвин Гилард (32-21-2-3 НЦ), кој го замени првично најавениот Енди Соувер беше отворена тепачка. 39-годишниот поранешен шампион на Прајд со повредено колено успеа да го нокаутира Гилард по две и пол минути од борбата. На 35-годишниот Американец ова му беше девета борба без победа.

Шампионот во бантам и победник на Гранд прито, Кјоџи Хоригучи (25-2), со едногласна одлука беше подобар од Хиромасa Огикубo (17-4-2).

Поранешниот борец на УФЦ, Диего Брандао (23-12), во дебито за јапонската промоција за 93 секунди го нокаутира Саторо Китаоку (41-17-9).

Ризин 11 резултати:
Канак Асакура – Рена Кубота, едногласна одлука
Кјоџи Хоригучи – Хиромаса Окикубо, едногласна одлука
Јиржи Прохаска – Бруно Капелоза, преку КО (Р1, 1:23)
Таканори Гоми – Мелвин Гилард преку КО (Р1, 2:33)
Диего Брандао – Сатору Китаока преку KO (R1, 1:30)
Унурјаргал Болдпурев – Шома Шибисаи, едногласна судска одлука
Мију Јамамото – Сарио Ишиока, со поделена судската одлука
Танонсакклек Чултана – Тадааки Јамамото преку КО (Р1, 1:06)
Дарон Круксханк – Том Сантос преку ТКО (Р3, 4:11)

https://youtu.be/cBDchlkjCoA

https://youtu.be/jC7ZMKhY5x0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО