Екс-тренерот на украинскиот удирач: Владимир Кличко се враќа и ќе ги победи Џошуа, Фјури или Вајлдер

Владимир Кличко (45) би можел да и се врати на старата љубов. Поранешниот тренер на Кличко Џејмс Али Башир тврди дека легендата на украинскиот бокс може повторно да влезе во рингот. Али Башир беше со Владимир додека тој беше помошник тренер на Емануел Стјуард.

„Веќе неколку години велам дека Владимир се враќа, а сите ми се смеат. Сега не им е смешно. Добро го познавам Владимир и знам за што размислува“, рече Џејмс Али Башир.

Поранешниот тренер на Кличко истакнува дека Владимир се подготвува и тренира секој ден, а изгледа како да е на врвот на својата кариера.

„Често бев во Украина и го гледав како тренира. Се прашував зошто го прави ова ако не сака да се врати. Напорно тренира и убеден сум дека ќе го собори рекордот на Џорџ Форман и ќе стане најстариот светски шампион во тешка категорија“, истакна Џејмс Али Башир и подвлече:

„Верувам дека ќе се врати и ќе го победи кого било – Џошуа, Фјури или Вајлдер“.

Владимир Кличко во кариерата победи 64 пати (53 нокаути) и има пет порази. Кариерата ја заврши на 29 април 2017 година по поразот од Ентони Џошуа. Тајсон Фјури беше подобар од Украинецот на меч порано.

Рекордот како најстар светски шампион во тешка категорија е во сопственост на Џорџ Форман, кој во 1994 година го победи Мајкл Мур на 45 години и 99 дена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО