Легенда во мај тај се самоуби во сопствената сала

Тајландската легенда во мај тај Сангтиенои Сор.Рунџрој се самоуби во својата сала пред неколку дена. 54-годишниот ветеран забележа повеќе од 200 битки во кариерата и освои титули на Лумпини, стадионот „Рајадамнарн“ и СМЦ.

Тој работел како тренер во неговата спортска сала во близина на Бангкок, но на 16 мај си го одзел животот со пиштол. Не се јасни причините што го натерале Сангтиенои да си го одземе животот. Сангтиенои е еден од најпознатите борци од неговата ера во Тајланд.

Неговата кариера започна во 1979 година и заврши во 2006 година. Првата борба ја направи на 13-годишна возраст, иако неговите родители беа против.

Go FundMe започна кампања за собирање средства за неговиот погреб. За само неколку дена беа собрани 18.936 долари од потребните 10.000 долари.

https://www.gofundme.com/f/sangtiennoi-sor-rungroj-funeral-expenses?utm_campaign=p_cp_url&utm_medium=os&utm_source=customer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО