Еј Џеј МекКи верува дека може да го прегази Александар Волкановски.
Поранешниот шампион во перо категорија на Белатор верува дека е најдобриот ММА борец во светот. 27-годишниот Американец го победи Роберто де Соуса кон крајот на минатата година. Ова се случи во Јапонија за време на заедничкиот настан на Ризин и Белатор.
Очигледно оваа победа му даде доверба на Еј Џеј. Тој има скор од 20-1 во ММА и е во серија од 2 победи. Неговиот единствен пораз дојде со одлука од легендата Патрисио Фреире, но МекКи има и победа над Бразилецот.
„Би го уништил Александар Волкановски. Да, тој го победи најголемиот, го победи Макс Холовеј. Сепак, верувам дека сум најдобриот ММА борец во светот.
Може да докажам дека не се сите најдобри борци на светот во УФЦ“, изјави Мекки за Спорт илустрејт.
Еј Џеј во иднина ќе има шанса да го докаже тоа откако ќе влезе во УФЦ.