КСВ изрази интерес за заеднички настан со Белатор

Една од најдобрите европски ММА лиги, КСВ изрази интерес за заеднички настан со Белатор.

На крајот на 2022 година видовме уште една заедничка гала вечер меѓу Ризин и Белатор. Се соочија некои од најдобрите борци на двете организации. Натпреварувачите на Скот Кокер ги добија борбите и така Белатор го победи Ризин со 5-0.

На социјалните мрежи на Белатор праша фановите со која ММА организација сакаат заеднички настан.

„По нашата историска победа од 5-0 над Ризин, против кого би сакале да не видите да играме?“, праша Белатор.

Од полскиот КСВ изјавија дека се подготвени да се натпреваруваат со своите колеги од САД.

„Ајде да видиме што можете да направите“, одговори КСВ на Твитер.

Навивачите очигледно беа инспирирани и подготвија борбена карта за ваква гала вечер.

Еве какви борби сакаат фановите за евентуален настан на КСВ и Белатор:

Мамед Халидов – Гегард Мусаси
Ибрагим Чухигаев – Вадим Немков
Филип Де Фрис – Рајан Бадер
Салахдин Парнас – Патрисио Питбул
Мариуш Пуџијановски – Федор Емелијаненко

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО