Роберт Гарсија за можниот меч меѓу Џошуа и Вајлдер: Кој прв ќе удри ќе победи

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, пред неколку дена објави дека поранешниот шампион оваа година ќе боксува три меча.

Прво има намера да му приреди полесна борба на Еј Џеј, а потоа би можел да влезе во рингот против Вајт и Вајлдер.

„Ентони сака да се врати против некој од Топ 15, а потоа би можел да се бори со Дилиен Вајт во текот на летото. Тогаш на ред би дошол голем меч против Дионтеј Вајлдер“, изјави Еди Херн и најави нова кампања кон врвот во тешка категорија.

А Роберт Гарсија, до неодамна тренерот на Еј Џеј, се осврна на можен меч меѓу Џошуа и Вајлдер.

„Им дадов совет на луѓето од тимот на Џошуа веднаш да не ја преземаат борбата против Вајлдер. Ентони е голема ѕвезда во Европа, една од најголемите во историјата. Прво треба да има два-три полесни натпревари. Знам дека нема да биде лесна борба, но барем треба да бидат полесни противници“, изјави Роберт Гарсија и продолжи:

„Евентуалниот меч меѓу Џошуа и Вајлдер нема да оди на судиска одлука. И двајцата удираат силно и многумина мислат дека Вајлдер ќе го нокаутира Џошуа. Но, мислам дека тој што ќе удри прв ќе победи. Работев со Ентони и тој навистина силно удира. А неговите удари се како на Вајлдер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО