Ефтимов: Очекувам Мила Рељиќ да обезбеди олимписка норма и да се бори за медал во Париз!

Тренерот на нашата најуспешна таеквондистка Мила Рељиќ, Александар Ефтимов се осврна на неодмна заврешеното Европско првенство во У-21 на кое Рељиќ освои бронзен медал, но и за она што следува, квалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 година кои ќе се одржат во Софија во февруари.

„По завршувањето на Европското првенство до 21година од 8 до 10 декември во Букурешт, Романија, веднаш продолживме со тренинг-камп и одржување на формата. Веќе на 12 декември кај нас дојдоа Чехињата Петра Столбова која е освојувачка на многу европско медали и моментално 3-та на светската ранг-листа, Ива Петровиќ (Србија) која е прва на јуниорската ранг-листа, а потоа ни се придружија и Теопула Сарванаки (Грција) светска вицешампионка од Мексико 2022 г.. Заедно со нашиот Горјан Бадаровски, Зејнеп Ебрар Машарли (Турција) која веќе подолго време тренира во нашиот клуб и уште неколку натпреварувачи направивме извонреден тренинг камп. Тренинзите кои ги правеа Мила, Петра, Ива и Теопула беа извонредни. Тие четири се едни од најдобрите во нивната категорија и сите имаа голем бенефит, посебно за спаринзите. За да бидеме во топ форма мора да работиме со најдобрите во светот, малите нијанси кои ни фалат да ги подобриме и да видиме како работат другите, кои техники ни поминуваат кај нив а за кои треба уште да се усовршиме“, вели Ефтимов и додава:

„Како и да е 2023 беше доста успешна година, иако на почетокот на некои Г натпревари не освоивме медали, но потоа ја подигнавме формата и после освоениот златен медал на Скопје Г1 Рамус опен во април месец, ја добивме потребната самодоверба и сигурност. Потоа на Европското клупско првенство Мила освои бронзен медал победувајќи три извонредни натпреварувачки. И најголем успех за мене беа Евроските игри во Полска во јуни. Иако за влакно ни избега медалот, сепак 5-то место на Олимписки игри на ниво на Европа е огромен успех.

Потоа Мила почеток на јули освои бронзен медал на силниот „Турција Г2 опен“, а во август сребрен медал на „Талин Г1 опен“, а истиот месец беше 5-та на Европското првенство во олимписки категории во Естонија“.

Александар истакнува дека Мила годинава ја завршувае со 18 меѓународни натпревари и неколку тренинг кампови и констатира дека како шлаг на крајот доаѓа бронзениот медал на Европското првенство до 21г во Букурешт.

„За 2024г очекувам уште поголеми успеси. Да избори норма за Олимписките игри и, секако, медал на Олимпијадата во Париз 2024 година“, потенцира Ефтимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON