Наоја Инуе го нокаутира Марлон Тапалес за да ги обедини титулите во супербантам категорија

Непоразениот јапонски боксер Наоја Инуе, познат по прекарот Чудовиште, убедливо стигна до 26. професионална победа во кариерата.

Инуе го победи Филипинецот Марлон Тапалес со нокаут во десеттата рунда во Аријаке aрената во Токио и ги обедини шампионските појаси во супербантам категорија.

По помирниот старт на мечот јапонската ѕвезда го засили темпото во четвртата рунда и го собори противникот.

Од тој момент сѐ отиде во воденицата на Инуе, кој целосно ја презеде контролата врз борбата и продолжи брилијантно да го удира Тапалес.

Веднаш се виде дека борбата оди во еден правец, што Јапонецот го потврди во десеттата рунда, кога со десната рака го собори Филипинецот, кој повеќе не можеше да ја продолжи борбата.

Теренс Крафорд ги обедини титулите во полусредна категорија на почетокот на оваа година, станувајќи првиот боксер во историјата кој станал апсолутен шампион во две дивизии.

Наоја Инуе сега успеа да ги обедини титулите во бантам категорија пред нешто повеќе од една година, а сега истото го направи и во повисоката дивизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО