Мила Рељиќ освои бронзен медал Европското првенство до 21 година во Букурешт

Милјана-Мила Рељиќ ја круниса годината со бронзен медал на Европското првенство до 21 година во Букурешт, Романија.

Мила извојува три победи над противнички од Хрватска, Полска и Унгарија, а во полуфиналето загуби од унгарска репрезентативка.

„За нас Мила Рељиќ после четири тешки борби и три победи над Хрватска, Грција, Полска, во полуфиналето бевме поразени од извонредната Унгарка“, пишува на Фејсбук нејзиниот тренер Александар Ефтимов и додава:

„Овој медал е резултат на секојдневниот труд и вложување во последниве години. Конкуренцијата во олимписките спортови е огромна и да се стигне до медал на Европско првенство, посебно за мала држава е епски успех. Следна цел се квалификациите за олимписките игри во Париз 2024“.

Ефтимов изрази благодарност до Македонската таеквондо федерација.

Во оваа категорија со злато се закити токму В. Мартон, „сребрена“ е нејзината сонародничка Луана Мартон, а бронзи имаат Рељиќ и Ирене Монтемуино од Шпанија.

Европско првенство У-21:

-62 кг
Милијана Рељиќ – Дора Мештеровиќ (Хрватска) 2-1
Милијана Рељиќ – Дафне Стаму (Грција) 2-1
Милијана Рељиќ – Јулија Шпак (Полска) 2-0

Полуфинале
Милајна Рељиќ – Вивијана Мартон (Унгарка) 0-2

+87 кг
Горјан Бадаровски – Филипос Димитракопулос (Грција)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО