Ефтимов и Вејсели без медали од „Купот на Републиките“ во Истанбул

Столе Ефтимов (-84 кг) и Фати Вејсели (60 кг) иако не освоија медали на силниот Меѓународен турнир во борење „Купот на Републиките“ во Истанбул, Турција, добро се изборија, велат од нашиот табор. Вјесели во борбата за бронзениот медал загуби од турски борач, а Ефтимов е поразен од Украинец со 11-3, односно технички туш во втората рунда.

Во втортата борба за медалот не му досудиле 4 бода. Во првата рунда водел со 6-2, а конечниот резлутат е 8-12. Но, ако ги добил 4-тите бода ќе било нерешено. Инаку турскиот борач го освоил првото место и сите ги победувал со 10-0.

Да потсетиме дека завчера Теодор Темелковски (-55 кг) го освои бронзениот медал.

Темелковски во првото коло беше слободен, а во второто загуби од претставникот на Узбекистан, но во борбата за бронзениот медал го совлада репрезентативецот на Бугарија.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО