Тајсон Фјури стигна до 160 килограми

Поранешниот крал на тешката категорија во професионалниот бокс, Тајсон Фjури, се дебелее без мерка, откако не се боксира го загрижува својот чичко и тренер Питер Фјури. Во моментов, Тајсон тежи 158 килограми, според зборовите на чичко му за „Сандеј тајмс“.

Во моментов Фјури чека да му се врати боксерската лиценца која му беше одземена поради употребата на кокаин. Последните вести од кругови блиски на него е дека се подготвува за враќање во рингот и дека планира три големи борби во 2018 година. Неговата голема цел е мечотр со Ентони Џошуа, но неговиот поранешен тренер е скептичен дека ова може да се случи.

„Треба да ослаби. Во последните години качи многу и во моментов е 158 кг. Ако до Божиќ успее да стигне до 140 килограми ќе покаже дека е мотивиран и јас ќе почнам да го тренирам. Џошуа е мотивиран спортист и сака да гледа против себе си исто таков ривал, а во моментов Тајсон дефинитивно не изгледа така. Симне ли 18-20 кг, потоа со тренинзите ќе ги стопи до 117-118 кг, што е и оптимална тежина“, изјави Питер Фјури.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО