„Едноракиот“ Шејн Кравин го нокаутираше противникот (ВИДЕО)

sejn-karvin

Шејн Карвин го одработи егзибицискиот меч против водителот и поранешен скејтер, Џејсон Елис, а иако настапуваше со една рака врзана на грбот, тој немаше проблеми околу нокаутирањето на неговиот противник.

Борец кој го сметаат за најсилен ударач во историјата на ММА, овој пат настапи по бокс правилата, но како и да беше, крошето на овој 41-годишнак се уште е убоит. Елис, кој го организираше ова во склоп на своето шоу, не издржа долго. Покрај тоа, по овој удар мораше да побара медицинска помош.

Погледнете како Шејн Карвин удира денес. Се чини дека може да биде проблем за којбило борец со кого ќе се сретне во неговото службено враќање во ММА, што треба да се случи на почетокот на следната година, во некоја од помалите американски промоции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО