Еди Херн: Усик нема да загуби ниту една рунда против Вајлдер

Еди Херн, промотер на двократниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, верува дека Александр Усик ќе го победи Дионтеј Вајлдер на импресивен начин – ако се одржи оваа борба.

„Мислам дека (Усик-Вајлдер) е добра борба, мислам дека очигледно Саудијците ќе ја сакаат неприкосновената борба (меѓу Фјури и Усик), но тоа не може да се случи некое време ако ја водиме борбата Фјури-АЏ.

„Не гледам како Усик може да загуби рунда од Дионтеј Вајлдер, но во исто време, Вајлдер има моќ да предизвика проблеми на секого“, изјави Херн за ID Boxing, пренесен од Boxing Scene.

Потсетуваме дека минатиот месец Александр Усик успешно ги одбрани светските титули на ИБФ, ИБО, ВБА, ВБО, откако со поделена одлука го победи Ентони Џошуа на галата одржана во Џеда, Саудиска Арабија.

Усик тогаш беше цел на шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури – кој сакаше неприкосновена борба на крајот на годината. Сепак, непоразениот Украинец јасно стави до знаење дека нема да биде подготвен за борба до почетокот на 2023 година.

Поради ова сценарио Фјури сега е ангажиран во сериозни преговори за да се соочи со Џошуа во декември.

Усик од своја страна е подготвен да се сретне со Дионтеј Вајлдер во неговата следна борба за одбрана на светските титули. Сепак, тоа би можело да стане реалност доколку „Бронзениот бомбардер“ успее против Роберт Хелениус во неговата камбек борба, која ќе се одржи на 8 октомври во Баркли центарот во Бруклин, Њујорк.

Украинецот рече дека планира да биде покрај рингот за борбата Вајлдер-Хелениус со размислување потенцијално да се соочи со Вајлдер доколку победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО