Еди Херн: Усик ќе се бори со Џошуа напролет во 2020 година

Познатиот британски промотор Еди Херн објави кога може да се очекува борба меѓу апсолутниот светски шампион во лесно-тешка категорија Александар Усик и носителот на 4 шампионски појаси во тешка категорија Ентони Џошуа.

„Сè е многу едноставно. Усик прво ќе има борба во мај, со која` ќе дебитира во тешка категорија. Веројатно неговиот ривал ќе биде Александар Поветкин. Тогаш Александар ќе има уште една борба. А потоа, најверојатно, ВБО ќе го направи задолжителен кандидат за светската титула на Џошуа. Претпоставувам дека нивната борба ќе се одржи напролет 2020 година“, изјави Еди Херн.

https://www.youtube.com/watch?v=fz_S8Yeo5Cc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО