Еди Херн: Се е средено, меч ќе има!

Ќе има двобој меѓу шампионот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа (24-1) и носителот на појасот на ВБЦ, Тајсон Фјури (30-0-1). Менаџерот на Еј Џеј, Еди Херн, цврсто изјави дека сите детали во врска со спроведувањето на борбата на годината се веќе расчистени и договорот ќе биде објавен следната недела. Агентот зборуваше на оваа тема  лице в лице со Џозеф Паркер и Дерек Чисора, кои ќе боксуваат во сабота вечер во Манчестер. Тој ги поби тврдењата на промоторот на Фјури – Боб Арум, дека нема развој на темата и тие веќе се движат да преговараат за трилогија со Дионтеј Вајлдер (42-1-1).

„Видов што рече Боб Арум. Му испратив порака да го прашам дали има нешто да каже. Точно е дека разговаравме за ова пред една недела, но тој излажа дека поминале две. Мислам дека се обидува да изврши притисок затоа што заостануваме неколку дена од предвидениот рок. Треба да ги подготвиме документите со домаќините со кои веќе сме работеле и знаеме што да очекуваме. За нас, овој дел од зделката е подготвен. Не сакам да покажувам непочитување кон Боб Арум, тој е неверојатен промотор, но никогаш не бил вклучен во вакви преговори од вакви размери. Треба време. Говорејќи за најголемиот меч во светот на боксот, убаво е да имате барем малку поддршка. За мене е важно што боксерите се согласија со условите, останатото е полесно како решение. A ќе бидеме подготвени за една недела“, категоричен е Еди Херн.

Се чини дека средбата ќе се одржи во Саудиска Арабија и треба да биде на крајот на јули или почетокот на август. Индикациите покажуваат дека Џошуа и Фјури ќе споделат по 75 милиони долари загарантирани со договор. На ова ќе им се додадат приходите од продажбата на билети, рекламирање, како и од телевизиските права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО