АктуелноБоксПрофесионален

Еди Херн откри што му кажал Усик за тоа зашто сака да се бори со Вајлдер

Најдобриот тешкаш на денешницата, Aлександар Усик, во сабота (17 јануари) го слави 39-тиот роденден. Непоразениот Украинец освои сè што може да се освои во боксот – златен олимписки медал и ги обедини светските титули во полутешка и двапати во тешка категорија.

Во текот на кариерата забележа 24 победи, од кои 15 завршија со нокаут. Тој ги победи врвните борци, а во последните шест борби, двапати ги победи Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа.

Досега заработи многу пари, а му остануваат само една или две борби пред пензионирањето. Изненади многумина со тоа што сакаше неговиот следен противник да биде Дионтеј Вајлдер, а таа борба би можела да биде закажана наскоро.

Извршниот директор на „Мечрум“ и познат промотор, Еди Херн, откри што му кажал Усик за тоа зошто сака да се бори со Бронзениот бомбардер.

„Бев со Усик во Саудиска Арабија и го прашав дали неговиот следен противник ќе биде Дионтеј Вајлдер, а тој рече да. Ми рече дека сака да се бори против сите борци од неговата генерација. А тие тројца се Еј Џеј, Фјури и Вајлдер“, рече Еди Херн и додаде:

„Тоа се најголемите имиња, но морам да му оддадам почит на Даниел Дубоа. Но, Усик го победи, како и Фјури и Еј Џеј, двапати. Верува дека со Вајлдер дополнително ќе го збогати своето резиме.

Потоа го даде своето мислење за борбата.

„Вајлдер е голема атракција, но за мене неговите најдобри денови се одамна минато. Не ја гледам како особено значајна борба“, нагласи Еди Херн.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON