Еди Херн откри кога треба да се договори мечот меѓу Џошуа и Вајлдер

Промотерот на Џошуа, Еди Херн, на почетокот на годината најави дека Еј Џеј ќе има најмалку две борби пред мечот против Дионтеј Вајлдер.

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија во април го победи Американецот Џермејн Френклин, а неодамна и Финецот Роберт Хелениус.

Британскиот борец сега се надева на пресметка против Бронзениот бомбардер, борба која ги заинтригира љубителите на боксот.

Сопственикот на Мечрум бокс откри кога треба да се договори мечот меѓу Џошуа и Вајлдер.

„Преговорите околу борбата меѓу Џошуа и Вајлдер треба да завршат за две до три недели. Двапати отидов во Саудиска Арабија за да го преговарам тој меч. Имаше само две средби таму и три во Лондон. Не би го направил тоа за забава. Џошуа јасно ми кажа дека сака да се бори со Вајлдер. Борбата нема да се случи само ако Саудијците се откажат од се“, истакна Еди Херн и додаде:

„Вајлдер и неговиот менаџер се согласија, а и ние. Треба само да го потпишеме договорот и да ги започнеме процедурите. Ако случајно не се случи, Џошуа ќе се бори во декември. Но, не сакам да размислувам за тоа сега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО