Еди Херн и Френк Ворен не се откажуваат од борбата Фјури-Џошуа без обѕир на изјавата на Тајсон

Денот Д дојде и помина. Договорот не е потпишан. Официјално е готово за Џошуа – изјави шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури во видео пораката на Инстаграм и продолжи:

„Заборави на тој меч, идиоту, кукавица, бодибилдер… Отсекогаш знаев дека немаш желба да се бориш со Џипси Кинг. Не е важно што друго ќе кажеш, не ми е гајле. Среќно во кариерата и животот, крај. Нема меч и тој го прифаќа тоа.

Но, промоторите Еди Херн и Френк Ворен се договорија дека сепак ќе се обидат да договорат борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, која треба да се одржи на 3 декември во Кардиф.

„Ќе се обидеме уште еднаш да договориме меч, сите работиме напорно на тоа и сакаме да ја поминеме таа граница. Кога сите би се согласиле за сè, тоа би било огромен потфат“, изјави Френк Ворен и додаде:

„Тајсон ми кажа што сака. Договорот е кај нив десет дена и тој го загуби трпението. Разговорите во понеделникот поминаа добро, па ќе видиме што ќе се случи. Чекаме договорот да биде вратен, потпишан. Се е договорено и резервирано, но недостига еден потпис за сето тоа да се организира“.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, во објава на Твитер потврди дека разговорите се уште траат и нагласи:

„Се согласувам со Френк“.

Така, за ден-два ќе биде јасно дали мечот меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа кој островските медиуми го нарекоа „Битката на Британија“ ќе биде договорен или не.

Нивниот колега Дилиен Вајт му порача на Џипси Кинг:

„Фјури дефинитивно треба да се опушти. Преговара преку социјалните мрежи и постојано вреска во камерата на мобилниот телефон. Не сум нивен обожавател, но понекогаш треба да бидете трпеливи кога договарате големи борбии. Затоа само затворија твојата големата уста и престани да се фалиш. Ако сакаш да се договори борба, биди трпелив. Тој меч треба да донесе многу пари и има многу работи во игра, потребно е време да се договори се. Треба само да се опуштиш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО