Еди Херн го најави враќањето на Џошуа за март, но се уште не знае кој би можел да му биде противник

Ентони Џошуа изгледаше одлично на мечот против Ото Валин. На неодамнешниот настан во Саудиска Арабија поранешниот светски првак го победи Швеѓанецот со прекин по петтата рунда, а по триумфот неговиот промотор Еди Херн откри понатамошен план.

Херн истакна дека Еј Џеј сака да се врати на тронот во тешка категорија и за ИФЛ ТВ изјави дека моментално се во преговори со тројца потенцијални противници.

„Џошуа сака да учествува во големи борби и да ја освои титулата светски шампион во тешка категорија. Тој сака борба против Тајсон Фјури или друга борба со Усик. И, ако ме прашате мене, би сакал Еј Џеј да се бори со Фјури“, изјави Еди Херн.

Но, бидејќи борбата за апсолутен шампион меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик е закажана за 17 февруари, се очекува ИБФ да му ја одземе титулата на победникот доколку поразениот ја активира клаузулата за реванш.

Тогаш Џошуа би можел да се бори за испразнетата титула против првиот предизвикувач и најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ.

Херн го гледа тоа како добар начин Џошуа да се бори за светската титула, но признава дека можеби нема се да се случи за време на следната борба на Еј Џеј.

„До март треба да се случат многу работи за да може да договориме меч со Хрговиќ. Фјури и Усик се бореа во средината на февруари. Дали победникот ќе го задржи појасот или ќе мора да го врати? Кога Џошуа ќе го замени Валин на ранг-листата? Има уште многу непознанинци. Не знаеме кој би можел да биде следниот противник на Џошуа“, изјави Еди Херн и продолжи:

„Сакаме Џошуа да се бори во март и борбата за појасот на ИБФ е дефинитивно една од можностите. Тоа може да биде борба која, кога сето тоа ќе заврши, може да биде единствена до летото. Сега планираме за Џошуа барем четири, пет борби однапред. Можеби ова ќе му бидат единствените натпревари до крајот на кариерата“.

Херн се надева дека Џошуа ќе има најмалку две, ако не и три, борби во 2024 година.

„Мислам дека ќе се бори во март, а потоа претпоставувам во август или септември. Можеби ќе има уште еден меч во оваа календарска година, а ако не, тогаш таа борба ќе се случи до март следната година“, подвлече Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО