Еди Херн е воодушевен бидејќи неговиот борец ја освои титулата во последните секунди од мечот

Еди Херн беше импресиониран од сензационалната победа на Американецот Реј Форд, кој со технички нокаут го победи узбекистанскиот борец Отабек Хоматов во последната рунда од боксерската приредба во Верона (Њујорк) и ја освои титулата шампион на ВБА во перо категорија.

Борбата понуди неочекувана драма во која Форд, наречен Севиџ, го победи својот противник со прекин на седум секунди пред крајот и на тој начин постигна голем пресврт. Имено, до тој момент заостануваше на два судиски картони.

„Каква борба, каква ноќ, толку сум горд на него“, изјави Еди Херн по мечот и продолжи:

„Заостануваше на две судиски карти и во последната рунди требаше да направи нешто големо, беше многу блиску. Но го направи најдоброто што можеше, стигна до прекин и ја освои светската титула. Америка има нова ѕвезда. Иднината е светла за него. Тоа е само почеток“.

За непоразениот Форд тоа беше 15-та победа (8 нокаути) во кариерата, а има и едно реми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eddie Hearn (@eddiehearn)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО