Џејк Пол со нокаут во првата рунда се избори за деветата победа во кариерата

Познатиот јутјубер Џејк Пол убедливо стигна до девет победи во кариерата. Поранешната ѕвезда на Дизни го победи Рајан Бурланд со прекин во првата рунда на настанот во Порторико.

Пол многу одлучно влезе во мечот и со одлични комбинации го погоди противникот. Тој продолжи да доминира, па судијата ја прекина борбата на 23 секунди пред крајот на првата рунда.

„Канело, доста криење. Знам дека го сакаш. Јас го претставувам Порторико, а вие Мексико. Така е Порторико против Мексико. Го сакам Канело. Сакам да се борам против големи борци“, изјави Џејк Пол.

На истиот настан светската шампионка Аманда Серано требаше да ги одмери силите против Германката Нина Мајнке.

Порториканката е сопственик на титулите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО во перо категорија, а настапот го откажа во последен момент поради повреда на окото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО