Руски џудист почина во сон на 31-годишна возраст

Рускиот џудист Казбек Занкишиев почина на 31-годишна возраст, објави Телеграм каналот на Руската џудо федерација.

„Руската џудо федерација изразува искрено сочувство до семејството и пријателите на Казбек Занкишиев“, се вели во соопштението на организацијата.

Занкишиев во 2018 година стана бронзен медалист на Светското првенство во Баку во екипниот дел. Освои и бронза на Европското првенство 2017 во Варшава во категоријата до 100 килограми и го освои златото на Руското првенство во 2015 година. Во 2011 година Занкишиев го освои Светското јуниорско првенство.

Смртта на спортистот настапила за време на спиењето. Почивај во мир!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО