Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, изјави дека кралот на тешката категорија во бокс сака да излезе на рингот против неоспорниот шампион во полутепка категорија Александар Усик.
„Секој сака да се бори со Џошуа, бидејќи тој е најголемата ѕвезда. Планот на Усик е да се бори со Џошуа и ние имаме таков план, но прво мора да помине преку Тони Белју. Приоритет сега е Усик да излезе на средба против Белју, а Украинецот има потенцијал да направи големи мечеви во тешка категорија.
NASEEM HAMED: "Usyk could BEAT Anthony Joshua!" 😲
"I'm not just saying this – but I want to see Usyk fight Anthony Joshua because he would give Joshua a run for his money. I want to see that fight. I think he would give Anthony serious problems."#Boxing #UsykGassiev pic.twitter.com/Hemg3OH1sS
— Boxing Social (@boxing_social) July 21, 2018
Тимот на Усик сака борба со Белју, која може да се случи во април. Џошуа сака да се сретне со Белју, затоа што сака да се бори со боксерите што ги почитува, а тој смета дека Усик е брилијантен. Сепак, Усик ќе има проблеми со големите момци, како и сите од полутешка категорија со потешката класа.
Малку е веројатно дека Усик веднаш ќе го одбие Белју, а самиот тој ме повика и ми рече дека сака таков меч и дека ќе го нокаутира. Белју е почестен од фактот дека може да стане шампион во полутешка категорија со обединети титули и еден од најголемите Британци во спортот“, објасни Херн, а пренесе BoxingScene.com.
https://youtu.be/-pX7JvguO24
.