Кормиер потврди дека ќе ја брани титулата во полутешка категорија

Даниел Кормиер одлучи што ќе стори пред неговата голема борба со Брок Леснар. Двократниот шампион на УФЦ потврди дека до крајот на годината ќе ја брани титулата во полутешка категорија.

„Да, ќе ја бранам титулата“, рече Кормиер во разговор за ММА Фајтинг. „Само да ми ја заебат борбата со Леснар“.

Коример на УФЦ 226 дојде до уште еден појас со победата над Стипе Миочиќ во борбата за титулата првак во тешка категорија и така го подготви теренот за голема борба против ВВЕ ѕвездата Брок Леснар со кого планира да се бори на почетокот на идната година, пред 40-роденден, кога планира да ја заврши кариерата.

Но, пред борбата со познатиот кечер, Кормиер уште еднаш ќе си ги помачи рацете во полутешка категорија. Иако се уште не се знае кој ќе биде предизвикувачот, судејќи според изјавата на првакот, нему му е се едно.

„Кога и каде, Кори Андерсон. Кога и каде, Илир Латифи. Кога и каде, Ентони Смит. Кога и каде, секој од нив. Ќе ги решам сите до крајот на годината“, рече Кормиер.

Потоа на шегува предложи на кој начин би можеле да одлучат на кого да му дадат прилика да се бори за титулата.

Земете парче месо и фрлете го во октагонот. Кој и да победи, ќе се бори за појасот. Да го сториме тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО