Еди Алварез: Конор Мек Грегор е на стероиди

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Еди Алварез сугерираше дека дуелот меѓу Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер нема да се одржи.

Поранешниот шампион во две дивизии на УФЦ, Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер се тренери за следната сезона на ТУФ. На крајот од сезоната треба да се борат во полусредна категорија. За жал, „Озлогласениот“ сè уште не е вратен во пулот на УСАДА и не им дава примероци.

Ова ја наведе УСАДА да верува дека ирската ѕвезда е пензионирана. Последен пат Мек Грегор влезе во октагонот во јули 2021 година. Потоа загуби со TKO од Дастин Пориер откако ја скрши ногата.

Мек Грегор и Алварез се бореа во 2016 година. Конор потоа го победи со нокаут во втората рунда и стана двоен шампион. Ова беше последната борба каде Конор можеше да импресионира со што било во кафезот. По оваа борба Мек Грегор водеше само 4 борби, од кои 3 загуби.

Алварез смета дека Конор е на хемија и тоа ќе ја уништи борбата со Чендлер.

„Ако Мек Грегор сака да продолжи да се натпреварува, тогаш треба да помине допинг тест.

Но, мислам дека Конор сега е на стероиди. Затоа, ако борбата биде официјално објавена и тој падне на допинг тестот, тогаш ќе има проблем.

Ако сте на стероиди, тогаш нема да бидете вклучени во пулот на УСАДА“, рече Алварез за ММА Њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО