Ебани Бриџис имаше неверојатна ноќ во пабот на Мек Грегор

Ебани Бриџис се пофали дека имала неверојатна ноќ со Конор Мек Грегор во неговиот паб во Ирска. Бриџис (37) е добра пријателка на ирскиот борец и амбасадор на неговиот бренд за пиво Форгед иајриш стаут. Мек Грегор беше домаќин на средба со обожаватели во неговиот паб, Блек форгед, заедно со Бриџис.

„Каква неверојатна ноќ со Конор Мек Грегор во Блек форгед инн. Неверојатна храна и атмосфера. Благодарност до сите што дојдоа“, напиша Бриџис.

Бриџис додаде дека Мек Грегор го смета за инспиративен и сака да учи од него додека го проширува своето деловно портфолио по неговата боксерска кариера. Таа моментално има многу успешен профил на Онлифанс, но се фокусира на повеќе потфати.

Ебани има скор 9-2 во бокс и последен пат се бореше на крајот на 2023 година. Таа загуби од Мијо Јошида и се раздели со титулата на ИБФ во бантам категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО