Волкановски не требаше да брза по нокаутот од Махачев

Александар Волкановски одамна рече дека не сака да прави долги паузи меѓу борбите.

Фирас Захаби, познат ММА тренер, смета дека по два нокаути Александар треба да паузира подолго од борбите. За време на УФЦ 298, кој се одржа на 17 февруари во САД, шампионот во перо категорија Александар Волкановски го загуби појасот од Илија Топурија.

Коментирајќи ја оваа борба Фирас Захаби на својот канал на Јутјуб изјави дека поранешниот шампион сега треба да направи подолга пауза од борбите. Захаби додаде и дека Волкановски пребрзо се вратил во кафезот по поразот од Ислам Махачев.

„Волкановски помина низ многу тенинг кампови. Доаѓа по два нокаути. Мислам дека сега треба да паузира, но според она што го слушам, не сака паузи. Тоа може да биде вистински проблем .

Според мене, по нокаутот што му го нанесе Махачев, требаше да одмори подолго. Мислам дека прерано се врати во кафезот“, рече Захаби.

До последната борба Александар Волкановски беше непоразен во перо категорија. Од 2013 година тој загуби само од Ислам Махачев во борбите за појасот во лесна категорија. По последната борба, Волкановски најави дека би сакал реванш со Топурија, кој не гледа смисла во таква борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО