Џозеф Паркер до Усик: Одлична работа – одмори се, се гледаме наскоро

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Џозеф Паркер му испрати порака на Александар Усик по спектакуларната победа со нокаут во петтата рунда над Даниел Дубоа на стадионот Вембли. Во реваншот, Украинецот го зацврсти својот статус како единствен апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија на 21 век.
„Одлична работа, Усик. Одмори се – ќе се видиме наскоро“, напиша Новозеландецот на социјалната мрежа X.
Well done @usykaa . Rest up and I will see you soon 🥊
🎥: @kerryrusselltv pic.twitter.com/07flJQzWbC— Joseph Parker (@joeboxerparker) July 19, 2025
Порано, по победата, Усик го именуваше Паркер како еден од неговите можни идни противници. Кратко потоа, промотерот Френк Ворен откри дека ВБО веќе му наложил на Украинецот да направи задолжителна одбрана на појасот против Џозеф Паркер.
За потсетување, Усик останува непоразен во професионалната кариера со 24 победи, додека Паркер – сегашниот задолжителен предизвикувач на ВБО – веќе се подготвува за можноста да се соочи со апсолутниот шампион.



