Џошуа за мечот против Нгану вели: Тоа е најголемиот предизвик во мојот живот

На поранешниот двократен шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, не му е грижа колку рунди ќе се одржи неговата борба против Френсис Нгану на 8 март во Саудиска Арабија.

Британскиот боксер се надева дека со победата против поранешниот шампион на УФЦ уште повеќе ќе се доближи до мечот за светската титула и евентуален дуел против подобриот од дуелот Фурија – Усик (18 мај).

Се очекуваше во март Џошуа да боксира против Дионтеј Вајлдер, но Бронзениот бомбардер ја уништи можноста со поразот од Џозеф Паркер.

А Нгану доби нова шанса во рингот по одличниот настап во професионалното боксерско деби минатиот октомври против Тајсон Фјури. На крајот по десет рунди загуби од Џипси Кинг со поделена одлука.

За време на неговото интервју лице в лице со Нгану, Џошуа изјави дека не му е грижа колку рунди ќе се бори, но Камерунецот се вмеша и рече:

„Ми понудија 12 рунди, а јас реков „не“. Не сакам да се занесувам со изјавата на Мајк Тајсон „како сега сум професионален боксер“. Не, сè уште се градам и штотуку почнав да боксирам. Ме прашаа дали ќе боксирам десет или 12 рунди, а јас реков десет“.

Борбата на Нгану против Фјури беше најдолгиот меч во неговата спортска кариера, бидејќи неговите борби за титулата во УФЦ траеја максимум 25 минути.

Камерунецот не е фокусиран на светските титули како Џошуа, бидејќи се надева дека победата над Британецот може да му гарантира реванш против Фјури, без разлика дали Кралот на Ромите сè уште го држи појасот или не.

Џошуа призна дека не размислувал за борба со Нгану додека поранешниот шампион на УФЦ не го привлече вниманието на боксерскиот свет со настапот против Фјури.

„Тие зборуваа за таа борба порано и јас реков ‘не, тоа не е вистинска пресметка. Мислев дека не е во ред“, рече Ентони Џошуа и додаде:

„Имав своја патека и повторно барам пат до славата. По неговата борба со Фјури и неуспешниот меч против Дионтеј Вајлдер, се појави оваа можност. Никогаш не сум одбил предизвик и со нетрпение го очекувам. Тоа е најголемиот предизвик во мојот живот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО