Боречките спортови високо котираа во „Изборот на најдобри спортисти на Битола за 2023 година“

Најдобар спортист на Битола за 2023 година е Жарко Пешевски – капитен на РК Еурофарм Пелистер со кој освои домашна титула и настапува во Лигата на шампиони.

„Изборот на најдобри спортисти на Битола за 2023 година“ се одржа синоќа во салата на Народниот театар од Битола по 60 пат во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и Советот на Општина Битола, претставуван од Габриела Илиевска.

Второто место му припадна на кошаркарот Андреј Маслинко, третото место на скијачката Ева Милевска и боксерот Ален Рустемовски. Следуваат Давид Влајковски, Христијан Илиевски, Христо Василевски, Кристиан Стојани, Леа Бошевска, Александар Фидановски, Синиша Кочоски, Даниел Главевски Зхоу и Филип Макаловски.

За најдобра екипа за 2023 година е прогласен рекометнио клуб  Еурофарм Пелистер, шампион на Македонија и за настапите во Лигата на Шампиони. Вторапласирана се кошаркарите на Пелистер, а на трето место се боксерите на Пелистерски јунак и Билијард клубот Лонгони. Плакети за ветерани на спортот – за животно дело добија Атанана Нашоку -Саку и Кочо Баљари – ракомет.

Плакета за посебно вложување во спортот доби, постхумно Силјан Мицевски – Циле, а плакетата ја доби неговиот внук Бојан Стерјев дел од сегашната управа на РК Еурофарм Пелистер.

Плакета за битолчанец кој води македонска селекција доби, селекторот на македонската бокс репрезентација, Јове Петревски – Оцо.

Награди на предлог на Сојузот за училишен спорт спорт добија професорите Христина Ристовска и Драган Спировски, а за победници во ноќната трка ОУ „Елпида Караманди“ и Медицинско училиште. Младинци, кадети и пионери наградени од Сојузот на спорови се: за боречки вештини се: Марија  Димовска, Сара Стојановска, Љупчо Бошевски, Николај Петковски, Емилија Илковска, Давид Јошевски, Јована Јаневска, Јован Рутевски, Арабел Рустемовски и Леонардо Стојков.

За спортови со топка: Андреј Силјановски, Габриел Крстевски, Натаниел Димовски, Георгина Димитровска,  Ана Бела Милошевска, Ѓорѓи Гајтановски, Искра Момировска, Кристина Вељановска, Јована Петревска  и Наталија Дишковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО