Џошуа си ги призна грешките на средбата со Усик

Шампионите се одлични не поради нивните победи, туку поради тоа штп се одлични личности. Секој победник треба да може да загуби достоинствено. Ова е токму однесувањето што го покажува Ентони Џошуа.

Поранешниот професионален боксерски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, призна дека направил грешки на мечот на 25 септември со шампионот ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, Александар Усик.

„Ја гледав битката, ги анализирав подготовките и ги открив моите грешки. Ја научив лекцијата“, напиша Џошуа на Твитер.

Во саботата Џошуа и Усик избоксираа 12 возбудливи рунди во Лондон, по што судиите немаа друг избор освен едногласно да му ја доделат победата на Украинецот (117-112, 116-112, 115-113).

Причина – Украинецот избоксира перфектено, во кој доминираше и технички и тактички и физички над својот противник.

„Ви благодарам за љубовта и интересот за мене. Не се грижете. Мојот дух е силен“, напиша Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО