Џошуа се откажува од осум милиони долари за да се бори со Фјури

Ентони Џошуа е подготвен да се откаже од милионте за да се бори против Тајсон Фјури за титулата апсолутен светски шампион.

Џошуа има четири од петте појаси во тешка категорија. Единствената титула што му недостасува е онаа на ВБЦ која е во сопственост на Фјури.

„Ако Еди Херн може да обезбеди борба со Тајсон Фјури, јас сум подготвен да се борам дури и без публика“, рече Џошуа, додавајќи:

„Ако борбата не се случи брзо, не верувам дека Фјури ќе биде таму кога сè ќе се врати во нормала и кога големите сали ќе бидат достапни на публиката. Мора да ја искористиме оваа можност“.

Џошуа исто така е подготвен да се откаже од осумте милиони долари што би ги добил од продажбата на влезниците.

„Сто посто би се согласил на осум милиони долари помалку. Само сакам да се борам“, рече Џошуа за ДАЗН.

Сепак, Британецот прво го чека мечот против Кубрат Пулев закажан за јули.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО