Форман одбил борба со Мајк Тајсон: Немав шанси против таков ѕвер

Легендарниот американски боксер Џорџ Форман, откри дека одбил да влезе во рингот со Мајк Тајсон.

Форман еден од најдобрите боксери на сите времиња  ја шокираше јавноста во 1977 година кога одлучи да истави крај на кариерата со само 28 години. Одлуката ја донесе по изненадувачкиот пораз од Џими Јанг, , претходно во 46 борба го победи Мохамед Али.

Меѓутоа, десет години по полекувањето одлучи да му се врати на боксот. Поранешниот шампион имаше можност да се бори против тогаш 21 – годишниот Тајсон, но не се осуди да влезе во рингот против него.

-Тој човек беше кошмар во рингот. Не сакав да имам никаков допир со него, беше ѕвер. Доколку би ве промашил со лева и десна рак, тогаш ќе бевте изгризани. Таквите момци се вистински ноќен кошмар и може да бидете среќни кога ќе се пробудите по таква борба. Да, не сакав да се борам со тој човек, изјави Форман и додаде:

-Слушнав дека и Тајсон бил испалшен, тоа ми беше многу мило да го слушнам.

Форман со низа од победи стигна до борба за титулата во 1991 година, загуби со одлука на судиите од Ивандер Холифилд. Три години повторно стана шампион, а од боксот се повлече со 49 години.

https://www.youtube.com/watch?v=S1GEnT-XYGw&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО