Џошуа се откажува од борбата со Усик за 40 милиони фунти

Еди Херн откри дека ќе бидат потребни најмалку 40 милиони фунти за Ентони Џошуа да го откаже реваншот со Александар Усик. Во последните недели, штабот на Тајсон Фјури го повикува Џошуа да се повлече од борбата со Усик.

Тајсон ја има титулата на ВБЦ во тешка категорија, а Усик ги има останатите четири титули на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО. Таква битка ќе даде неприкосновен шампион во тешка категорија. Фјури е подготвен да му даде шанса на Џошуа доколку го победи Усик.

Ентони веќе ја активираше клаузулата за непосреден реванш, кој треба да се одржи во март. Џошуа неодамна изјави дека е подготвен да се повлече, но сака многу пари. Во интервју за Боксинг кинг медиа, Еди Херн го рече:

„Тимот на Тајсон Фјури не контактираше. Милион? Ако сакаат да го натераат Џошуа да не се бори со Александар Усик, тоа треба да го помножите со 40. Моментално има комуникација помеѓу двата тима.

Сè уште не сме разговарале со Ентони за тоа. Ако нивната понуда има смисла, тогаш ќе видиме, но во моментов тоа се само разговори меѓу таборите.

Ентони Џошуа моментално се бори со Александар Усик и таква е ситуацијата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО