Џошуа објасни зошто му се заканил на Дубоа дека ќе го удри со столот по глава

Љубителите на боксот можат да очекуваат пресметка во тешка категорија на Вембли во сабота во која Даниел Дубоа против Ентони Џошуа ќе ја брани титулата во тешка категорија на ИБФ.

А на крајот на јуни Џошуа и Дубоа имаа заедничко интервју, кое во еден момент за малку ќе прераснеше во физичка пресметка.

Имено, Џошуа му се закани на Дубоа дека ќе го удри со стол, што многумина го протолкуваа дека поранешниот двократен светски шампион покажува слабост.

„Ќе те удрам со стол по глава. Не ме омаловажувај“, рекол Џошуа, на што Дубоа одговорил:

„Не може да ме заплашиш. Кој мислиш дека си“?

На Џошуа очигледно не му се допадна тонот на гласот на противникот и му одговори:

„Даниел, не ме омаловажувај“.

Во тој момент Џошуа стана од столот и му пријде на Дубоа како да сака да започне нешто.

„Даниел, не го сфаќам лесно твоето непочитување“, рекол Џошуа и налутено го погледнал идниот противник.

Спонзорите Ворен и Херн и обезбедувањето спречија можна физичка пресметка во студиото.

Деновиве Еј Џеј објасни зошто тогаш му се заканувал на Дубоа.

„Дома велам никој да не смее да ти земе ни еден сантиметар, бидејќи може да се претвори во километар. И тогаш другите ќе можат да го видат тоа, па ќе помислат: „Ако тој може, тогаш можам и јас““, рече Ентони Џошуа и продолжи:

„Понекогаш треба да повлечете линија и да покажете дека не можете едноставно да преминете преку некои работи. Ние сме дел од голем бизнис и не сме подготвени за некои игри. Не можам да дозволам да се прават глупави работи на моја сметка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО