Џошуа го фати микрофонот и почна да рапува (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Ентони Џошуа се претстави во поинакво светло.

Британецот ги покажа своите рап вештини.

Тој моментално се наоѓа во Дубаи каде се подготвува за очекуваниот реванш против Александар Усик.

За време на едно од неговите медиумски настапи, Еј Џеј го грабна микрофонот и почна да пее на музика од песна на популарниот хип-хоп изведувач Скепта.

Со вакви настапи навикнати сме да гледаме уште еден од големите во тешка категорија – Тајсон Фјури.

Фановите веќе почнаа да се шегуваат дека може да имаат рап битка, а потоа вистинска.

Еве кратко видео од „учеството“ на Џошуа:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО